ВИДЕО: Соборен израелски Ф-16?

Од:

Палестински извори тврдат дека Хамас успеал да собори израелски борбен авион Ф-16И.

Како доказ објавуваат снимка од паѓање на авион како гори во воздух.

Нема други слики од соборениот авион или моментот на неговото паѓање, а ИДФ сè уште нема пријавено загуба на авион.

Меѓутоа, доколку се потврдат овие податоци, ова ќе биде прва борбена загуба на израелските воздухопловни сили од февруари 2018 година, кога сириските воздухопловни сили соборија Ф-16 на северот на земјата.

Војната во Израел меѓу ИД и Хамас трае веќе седум дена.

По првичното изненадување кога Хамас упадна во Израел од Газа, ИДФ успеа да ја консолидира ситуацијата на границата со Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно