ВИДЕО: Снимки од убиецот на скутер кој вози низ Њујорк и пука во минувачите

Од:

Њујоршката полиција соопшти дека едно лице е убиено, а три други се ранети во пет одвоени престрелки во Бруклин и Квинс од 25-годишен маж кој возел скутер низ улиците и пукал во луѓе по случаен избор.

„Њујорк пост“ пишува дека полицијата го уапсила напаѓачот со шпанско потекло, кој користел нелегално набавен скутер без регистарски таблички за делото извршено во саботата.


При апсењето кај него бил пронајден пиштол од девет милиметри со дополнително количество муниција, што покажува дека планирал да убие многу поголем број луѓе.

– Овој тип имаше многу муниција со себе. Таму можеше да има повеќе застрелани луѓе – изјавил за весникот извор од њујоршката полиција.

Американскиот дневен весник на својата веб-страница објави вознемирувачка снимка од два од петте напади. Првиот се случи во Квинс, каде што на снимките од надзорните камери се гледа како напаѓачот крстосува по улица со скутер и почнува да пука во луѓето кои стојат на тротоарот.

Прво нишани на човек кој го шеташе неговото куче, но го промаши.

Осумдесет и седумгодишен маж кој бил пред нив на звукот на истрелот се свртел, по што напаѓачот пукал и го погодил старецот кој веднаш почнал обилно да крвари, се тетерави и паѓа на тротоарот.

Случаен минувач истрчал да му помогне на старецот, но немало помош за него.

Во вториот регистриран напад, мета на убиецот на скутер е млад човек кој во тој момент ја преминувал улицата на пешачкиот премин.

Оваа жртва била ранета и преживеала заедно со уште две лица кои биле застрелани од напаѓачот тој ден.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

ВИДЕО: Еден мртов и петмина ранети во метро во Њујорк, се истепаа тинејџери

Во Њујорк: Десет вагони на товарен воз излетаа од шините

Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

А1он

Паника во Њујорк: Одекнаа повеќе експлозии