Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини судијата Артур Енгорон во обраќање за време на судењето за измами во Њујорк за пристрасност и изрази жестоки критики.

Трамп, на кого му беше забрането сам да ги кажува завршните зборови во своја одбрана, сепак искористи прилика да зборува во судот на крајот на граѓанската парница, а според правилата, има право во обраќањето да одговори на прашања во врска со судењето.

„Имаме ситуација каде што сум невин. Ме прогонува некој кој се кандидира за позиција. Не сум сторил ништо погрешно. Треба да ми платат. Јас сум измамен. Јас“, рече Трамп на судењето.

За ова, судијата Енгорон го обвини дека не ги слушал правилата.

„Знам дека ви е ова досадно“, му одговори Трамп.

Судијата Артур Енгорон кој претходно го одбиваше барањето на Трамп во судењето сам да ги изнесе завршните зборови, првично го обвини поранешниот претседател на САД дека зборува речиси непречено, по што го прекина и даде пауза за ручек.

На Трамп му се суди по обвинение на обвинителката на Њујорк дека дека го лажно го зголемил своето богатство во финансиски документи што ги давал на банки, осигурителни компании и други.

Би можело да ве интересира

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ