Паника во Њујорк: Одекнаа повеќе експлозии

Од:

Пожарникарите започнаа со спроведување на протоколот за одговор при вонредна состојба откако беа почувствувани „три потреси“ на островот Рузвелт во Њујорк.

Екипите биле повикани во блокот 580 на главната улица на островот Рузвелт, нешто пред шест часот наутро, откако добиле извештаи за експлозија и тресење на зграда, изјавија пожарникарите за медиумите.

Жителите на островот Рузвелт изјавија дека утрово биле разбудени од најмалку „три силни звуци и потреси“, а третата вибрација „се чувствувала од подалеку“.

Пожарникарите во моментов се на местото на настанот „се обидуваат да го најдат изворот“ на можната експлозија. Како што е соопштено, хеликоптери летаат над островот Рузвелт.

Службите за итни случаи „известија дека се почувствувале вибрации“ на островот Рузвелт, на Менхетен и во Квинс и наводно побарале енергетската компанија да ги поправи проблемите со прекините на електричната енергија во неколку згради, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени