ВИДЕО: Снимен руски историчар како фрла делови од телото на неговата девојка во река

Од:

Руските медиуми објавија видео снимка од надзорните камери на која се гледа како угледниот 63 годишен историчар Олег Соколов фрла делови од телото на 24 годишната Анастасија Јешченко во реката во Санкт Петербург, откако ја убил во својата куќа.

Соколов ја убил студентката со која бил во врска, а потоа и ги отсекол главата, рацете и нозете, известуваат руските медиуми.

На снимките од надзорните камери се гледа како фрла три пакети во ладната вода во близина на неговиот дом, додека крај него поминува велосипедист.

На снимките од надзорните камери од еден супермаркет се гледа пак како Соколов купува леплива лента пред да се ослободи од телото на Јешченко.

Но кога се вратил со останатите делови од телото, паднал во реката додека се обидувал да ги фрли рацете на жртвата.

Соколов носел униформа и наводно планирал да се самоубие, бидејќи пред тоа зборувал дека ќе умре облечен како Наполеон.

Кога пристигнала полицијата, го извлекле од реката со хипотермија, а на себе имал ранец со рацете на жената. Потоа отишле во неговиот стан каде полицијата затекнала застрашувачка глетка – обезглавеното тело на Анастасија Јешченко, со кое професорот заедно потпишал бројни трудови.

Тој ја призна вината, рече Александар Почујев, адвокатот на Соколов.

Професорот се правдал дека довојката го нападнала со нож, а кога беше изведен пред судот почнал да плаче.

Како што пренесуваат медиумите, професорот организирал забава во неговиот луксузен стан, додека мртвото тело на неговата љубовница било во друга просторија.

Јешченко била застрелана најмалку четири пати.

Соколов е еден од најценетите историчари во Русија, познат е по своите дела за Наполеон Бонапарта. Тој дури и работел како консултант на неколку филмови посветени на францускиот војсководец.

Студентите на Соколов велат дека тој бил талентиран професор кој зборувал француски и го имитирал Наполеон, но и дека бил „чудак“ кој својата девојка ја нарекувал Џозефина.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија