Жителите на најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, беа изненадени од првиот снег по 11 години, а некои деца првпат видоа снег.
Во делови од Јужна Африка снег редовно паѓа во зимските месеци, кои на јужната хемисфера се од јуни до август, а во Јоханесбург последен пат снег паднал во август 2012 година, објави Гардијан.
На социјалните мрежи жителите на Јоханесбург го опишаа снегот што падна во понеделникот како „чиста магија“ и „прекрасен почеток на неделата“.
Children were throwing snowballs and making snow angels in South Africa's biggest city after its first snowfall since 2012 https://t.co/qKwOdBlbbp pic.twitter.com/oFODzxQaTC
— Reuters (@Reuters) July 10, 2023
Јужно од градот во Бракенхерст, снимател на Ројтерс видел деца како прават снежни топки и снежни ангели во теренот на едно училиште.
Последен пат во Јоханесбург падна снег во 2012 година, а претходно во 2007 година.
Снег во Јоханесбург паѓа во просек на секои пет години, а обилен снег како оној од понеделник се забележува на секои 10 до 20 години, рече професорот по климатологија на Универзитетот во Витвотерсранд, Франсоа Енгелбрехт.