ВИДЕО: Сириската телевизија објави снимка од објект во Дамаск за кој тврди дека бил цел на израелски напад

Од:

Сириската државна телевизија емитуваше снимки од разурнат објект во Дамаск, за кој се тврди дека бил цел на израелски воздушен напад.

На снимката, насловена „Последиците од израелската агресија врз центарот на Дамаск“, се тврди дека објектот бил нападнат од израелски авиони на почетокот на неделава.

По веста на израелски напад врз цели на сириска територија, американски извори сооптиштија дека цел на операцијата биле конвој возила кои пренесувале системи за противвоздушна одбрана од руско производство СА-17, додека сириската Армија тврдеше дека бил нападнат Воениот научно-истражувачки центар во реонот на Џамрија, северозападно од Дамаск, на десетина километри од границата со Либан.


На објавените снимки на сириската телевизија се гледа зграда која нема сериозни структурни разурнувања, како и остатоци од транспортно возило. Според израелските медиуми, оштетеното возило наликува на шасија од рускиот самооден комплекс за противвоздушна одбрана СА-8 Оса.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“ пак објави тврдење на сириската опозиција дека властите во Дамаск сами го уништиле Центарот во Џамрија, стравувајќи да не падне во рацете на бунотвниците.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас