(ВИДЕО) Си-Ен-Ен: Полицијата замолкнала лекар кој предупредил за коронавирусот

Од:

Кинески лекар од Вухан кон крајот на декември се обидел да предупреди за коронавирусот, меѓутоа бил замолчен од страна на полицијата, објави Си-Ен-Ен.

Доктор Ли Венлианг на 30 декември пуштил порака преку апликацијата “Ватс Ап” дека седум пациенти во болницата во која работи се заразени од вирус сличен на САРС и дека се во карантин.

Тој појаснил дека станува збор за коронавирус кој припаѓа на фамилијата вируси во кои се и тешките акутни респираторни синдроми, пренесува Си-Ен-Ен.

Меѓутоа, во рок од неколку часа неговата порака станала вирална.

Кога видов дека циркулира, сфатив дека е надвор од моја контрола и дека најверојатно ќе бидам казнет, рече Ли.

За кратко време полицијата на Вухан го обвинила дека шири гласини, а во меѓувреме и тој се заразил и се наоѓа на интензивна нега.

Вирусот кај него е дијагностициран од 1 февруари, а се заразил од пациент кој го лекувал.

Во меѓувреме, добил опомена и од болницата, од каде му било побарано да појасни како знаел за случаите.

На 3 јануари бил повикан во полиција на сослушување поради наводно ширење дезинформации, иако на 31 декември е прогласена епидемија на коронавирус.

Доктор Ли бил принуден да потпише изјава во која го признава својот „прекршок“ и во која ветува дека нема да направи нови „незаконски дејства“.

Полицијата досега нема одговор на прашањата на Си-Ен-Ен за случајот со Ли.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски