ВИДЕО: Шумски пожари беснеат низ Калифорнија, прогласена вонредна состојба

Од:

Уништувачки пожари зафатија огромни шумски предели во централна и северна Калифорнија, а огнената стихија им се заканува на илјадници домови. Државата, која во моментов се бори со епидемијата на Ковид-19 и има најголем број заразени од сите сојузни американски држави, прогласи вонредна состојба поради пожарите.

Американските медиуми пренесуваат дека пожарите во голем интензитет продолжуваат да се шират во окрузите Напа и Сонома, а во моментов се зафатени повеќе од 50.000 хектари.

Од Државната агенција за противпожарна заштита велат дека доколку пожарот продолжи и понатаму да се шири со истиот интензитет, тој ќе претставува закана за околу 25.000 објекти.

Големите пожари кои избувнаа во западниот дел на САД веќе два дена создаваат силен чад во небото околу Сан Франциско, а со тоа го загрозуваат квалитетот на воздухот што влијае негативно  на здравјето на жителите на овој милионски град.

Поради сериозноста на ситуацијата, локалните власти во текот на ноќта ги евакуираа жителите на околните населби, вклучувајќи ги и вработените од блиската воздухопловна база „Тревис“.

Од пожарот беше зафатен и автопатот помеѓу Сан Франциско и Сакраменто. Во округот Сан Матео и Санта Круз, југозападно од Сан Франциско, на околу 20.000 лица им беше наредено итно да се евакуираат.

Американските власти известија дека досега повеќе од дваесет домови се целосно уништени.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас