ВИДЕО: Што има во црната актовка која телохранителот на Путин не ја испушта од раце?

Од:

За време на посетата на Владимир Путин во Белград, рускиот претседател беше во чекор следен од телохранител со црна актовка во рацете. Тој не се одвојуваше од рускиот претседател, а причина за тоа е бидејќи во актовката се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на Русија.

„Чегет“, како што се вика оваа актовка (името го добила по планински врв на Кавказ, а во превот значи црно), во употреба е од средината на осумдесетите години на минатиот век.

Во прашање е систем на контрола со посебрен систем за аудио-видео комуникација „Кавказ“, кој има задача да одржува врска помеѓу рускиот шеф на државата и контролниот штаб кој ја разгледува потребата за користење на нуклеарно оружје.

Пристап до актовката има само рускиот претседател, иако неофицијално се тврди дека пристап имаат и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

Русите тестирале голем број на „чегети“, а секој имал свој реден број. Интересно е дека поранешниот претседател Борис Елцин носел „чегет“ со број 51, но побарал неговата актовка да се смени и да се вика број 1.

За „чегет“ се врзуваат многу интересни приказни, а речиси сите се случиле додека Елцин бил на чело на Русија.

Имено, Елцин прв пат го вклучил „чегет“ во 1995 година кога дошло до напнатост поради лансирањето на непознати ракети во Норвешка.

Русите се исплашиле дека е во прашање нуклеарен проектил, па биле на чекор од започнување на против-напад. За среќа, се работело за обична метеоролошка ракета, чие лансирање Норвежаните уредно го пријавиле до Кремљ, но некој заборавил од администрацијата заборавил да го пријави тоа.

Друга анегдота е поврзата со вотка. Имено, Елцин во книгата „Претседателски маратон“ го опишува тој настан, што се случил во 1991 година.

– Кога преминувавме покрај езеро, еден странец ја загледа црната ташна на дното на нашиот чамец. Мислеше дека е „нуклеарна“. Се обиде да се оддалечи од неа, седејќи на ивицата на чамецот. Не се противев. Кога стигнавме на островот ја отворивме ташната и од неа извадивме две шишиња вотка и кисели краставички. Гостинот започна да се смее и почувствува огромно олеснување, напишал Елцин.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

Треба да и дозволиме на Украина да гаѓа цели во Русија вели Макрон, реагираше Путин

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Путин: Секогаш чекор пред непријателот

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа