Најмалку две лица се пренесени во болница откако 12-катна зграда делумно се урна синоќа во Мајами.
Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушале повици за помош.
Снимките од местото на настанот покажуваат улица полна со остатоци од урнатини и делумно урната повеќекатница.
#MiamiBeach #Florida
Structural collapse. pic.twitter.com/iywU4Bqjn6 https://t.co/57D6S0SAdl— Shane B. Murphy (@shanermurph) June 24, 2021
Во тек е акција за спасување, очевидци велат дека луѓе се извлекуваат и преку терасите.
На местото на несреќата дошле 80 противпожарни екипи.
Според првите информации, оваа зграда е изградена во 1981 година и има 130 станови.