ВИДЕО: Руски напади на Киев и на Запорожје

Од:

Според извештаите на локалните медиуми и регионалните власти, руските сили ја нападнале областа Киев во текот на ноќта.

Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, не ја откри локацијата на нападот, но рече дека спасувачите се на местото на настанот. „Русите ноќе ја тероризираат областа Киев. Спасувачите и сите служби за итни случаи се на терен. Пожарот и последиците од нападот се гаснат“, објави тој на Телеграм.

Градската државна управа на Киев издаде предупредување за воздушен напад околу полноќ, повикувајќи ги жителите да бараат засолниште.

Руските сили, наводно, во текот на ноќта го погодиле и југоисточниот украински град Запорожје. Вршителот на должноста градоначалник на Запорожје, Анатолиј Куртев, изјави дека руските сили го нападнале градот и неговата околина, предизвикувајќи пожар.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков