(ВИДЕО) Руски град стана прва линија на војната: Конфликтот се повеќе се прелева во дворот на Путин

Од:

Рускиот регион Белгород на границата со Украина се повеќе е цел на напади и инциденти, па многумина го гледаат како нов воен фронт меѓу Москва и Киев.

Ситуацијата во пограничната област на Белгород е тензична со денови. Речиси секој ден властите известуваат за украинските напади, во саботата беше пукано во складиште за гориво на периферијата на градот, во петок изгоре електрана, а викендов имаше и пукање во воена база во која најмалку 11 руски војници загинаа.

Околу 16 експлозии се слушнале во неделата во регионот на Белгород, јави руската државна новинска агенција РИА Новости. Најмалку три лица се повредени во артилерискиот напад, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков во изјава за Телеграм.

Гладков објави фотографии на кои се гледа скршено стакло и расфрлани остатоци во нешто што изгледаше како станбена зона. Објавените фотографии не можеа веднаш да се потврдат. Двајца повредени мажи се хоспитализирани со рани од шрапнел, а на една жена и е укажана помош на лице место, рече Гладков.

Снимките од социјалните мрежи покажаа две големи експлозии на аеродромот и траги од противвоздушни проектили, кои најверојатно собориле неколку проектили лансирани во правец на рускиот град.

Новинарот на „Волстрит џурнал“ од Украина, Метју Луксмур на Твитер напиша дека „Белгород постепено се претвора во град на првите борбени линии на оваа војна“.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова од Конференцијата за Украина: Потребен е нов Маршалов план

Украинците бегаат во Унгарија

ВИДЕО: Погодени рафинерија и складиште за нафта во Русија

Катерина Ѓуровски