(ВИДЕО) Русија го објави летот на соборениот Су-24: Tурскиот авион влегол во Сирија и нападнал

Од:

Руското министерство за одбрана ја обелодени шемата на движење на соборениот авион Су-24 во Сирија. Според Русија, авионот и покрај убедувањата од турска страна не го повредил воздушниот простор на Турција. Напротив, според руското министерство, турскиот борбен авион ја преминал границата со Сирија и пукал на рускиот авион.

Сликата покажува дека рускиот бомбардер (обележан со црвена боја) кој тргнал од базата Хмејмим, по некое време направил маневар и летал на оддалеченост од еден километар од границата со Турција. Кога почнал да се оддалечува од границата турски Ф-16 (обележан со сина боја) го пресретнал во воздушниот простор во близина на границата со Сирија и испукал проектил. Потоа се свртил и се вратил во Турција.

Претставници на Министертвото за одбрана посочија дека од сега сите акции на руските бомбардери ќе се одвиваат само со придружба на борбени авиони. Исто така, бродот “Москва“ опремен со ракети за противвоздушна одбрана “Форт“ ќе учествува во приморскиот регион Латакиа, подготвен да уништо секаква цел која претставува опасност за руските авиони.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов