ВИДЕО: Романските полицајци на протест се врзуваа со синџири и палеа димни бомби

Од:

Стотици полицајци протестираа во четвртокот во Букурешт поради намалувањето на платите и лошите услови за работа. Демонстрантите се собраa пред зградата на Министерството за внатрешни работи, каде што свиреa со труби и пишталки, а беа запалени и димни бомби во боите на романското знаме, додека некои се врзуваа со синџири.

Незадоволството на полициските службеници е предизвикано поради двегодишното замрзнување на платите, намалувањето на пензиите и неприфатливите услови за работа.

Претседателот на полицискиот синдикат на Европол, Космин Андреика, за АП изјави дека во околу 3.000 полициски станици има тоалет надвор од зградата, во дворот, и дека немаат проточна вода.

Намалувањето на платите е дел од пошироките кратења на буџетот што ги спроведува коалициската влада предводена од премиерот Флорин Китсу од Националната либерална партија.

Демонстрациите, организирани од два одделни полициски синдикати, се одржаа на Денот на романската полиција, која годинава одбележува 199 години од постоењето.

Романскиот министер за внатрешни работи не одговори на барањата за коментар за тврдењата на полицискиот синдикат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет