(ВИДЕО) Родители си го убија детето, имало изгореници и 71 модринка

Од:

Мајка и татко се прогласени за виновни за убиство на нивниот мал син на Божиќ. Стивен Боден (30) и Шенон Марсден (22) го запалија и го претепаа своето бебе во декември 2020 година, за време на карантин поради корона вирусот. Детективите кои ја истражуваa смртта на 10-месечниот Финли Боден открија дека коските на момчето биле „скршени и извртени“ од брутално малтретирање од неговите родители. Велика Британија е шокирана од ова злосторство.

На судењето се слушна како бебето се здоби со ужасни повреди, вклучувајќи 71 модринка на телото и 57 скршеници, од кои многу биле нанесени во краток период пред неговата смрт. Карлицата на момчето е скршена на две места, додека другите повреди вклучуваат скршено рамо, скршена рака, скршена потколеница и скршена бутна коска на четири места.

Бебето се здоби и со две изгореници на левата рака – едниот „од жешка, рамна површина“, другата најверојатно „од пламен на запалка“. Иследниците кажаа дека бебето имало пневмонија и ендокардитис – воспаление на слузницата на срцето и сепса.

За време на судењето, судијката си ги избршила солзите па и се заблагодари на поротата за нивното „исклучително импресивно“ однесување во текот на постапката.

„Со оглед на должината на овој случај и ужасната природа на фактите што требаше да ги земете во предвид и се извинувам на поротата“, рече таа.

Ендрју Бакстер, заменик јавен обвинител, рече дека насилството нанесено од овие две лица и нивното намерно прикривање на неговите повреди е неразбирливо, бидејќи неговите родители требало да бидат тие што го штитат од штета, а не причина за тоа.

Главниот истражител, детективот инспектор Стив Шо, рече дека полицајците не биле подготвени за она што го виделе кај детето.

„Повеќето од коските на Финли беа на некој начин скршени и како што истрагата напредуваше, доказите од некои експерти за нивото на сила што требаше да се употреби покажаа дека коските на Финли морале да биле здробени и извртени со голема сила“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница

Во Скопје: Исчезна малолетничка и нејзиното петмесечно бебе

Подобрa e состојбата на бебето најдено во центарот на Велес

A1on

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Петмесечно бебе доживеало срцев удар во Леголенд

Горан Наумовски

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он