ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

Од:

Палестинците од Појасот Газа, раселени поради конфликтот меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас, утрово почнаа да се враќаат во своите домови во северниот дел на крајбрежната територија по „пробивот во преговорите со Израел“, информира Министерството за внатрешни работи на Хамас.

– Движењето на раселените Палестинци почна на патот Ал Рашид низ западниот дел на коридорот Незарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот, се вели во соопштението на администрацијата на Хамас.

Војната во Појасот Газа почна по терористичкиот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Според израелските податоци, тогаш биле убиени речиси 1,200 луѓе, а киднапирани биле околу 250 заложници.

Според информации на Министерството за здравство на Хамас, околу 47,000 Палестинци загинале во израелската офанзива во крајбрежната енклава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“