Началникот на Генералштабот на руската војска минатата недела му се јавил американскиот началник на Здружениот Генералштаб за да ги предупреди Соединетите држави дека Русија ќе изврши пробно лансирање на хиперсонични ракети во источниот Медитеран, додавајќи дека бродовите на американската морнарица треба да се држат настрана од областа на вежбата од безбедносни причини.
Минатата среда, генералот Валери Герасимов му се јавил на генералот Ц.К. Браун, началникот на Здружениот Генералштаб на американската армија, за да му го пренесе ова предупредување и да разговара за Украина, односно за начините како да се избегнат можните погрешни пресметки меѓу САД и Русија.
Тестирањето на руската хиперсонична ракета беше извршено во источниот дел на Средоземното Море, област каде што американската морнарица има три амфибиски бродови со 2.200 маринци, како и уништувачи кои обезбедуваат ракетна одбрана на Израел.
Информациите за првиот контакт меѓу двајцата највисоки воени лидери беа објавени дури вчера, еден ден откако руското Министерство за одбрана објави дека руски воени бродови во областа лансирале хиперсонични ракети во меѓународни води.
Сепак, деталите за предупредувањето на Герасимов до Браун не се официјално објавени.
„Началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Ц.К. Браун, Џуниор, разговараше телефонски со началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валери Герасимов на 27 ноември на барање на руското Министерство за одбрана“, изјави портпаролот на Браун, капетанот Ј.Д. Дорси, во изјава дадена за ABC News.
„Ова беше првпат лидерите да зборуваат откако генералот Браун стана шеф на Здружениот Генералштаб. Тие разговараа за низа глобални и регионални безбедносни прашања, вклучително и тековниот конфликт во Украина“, се вели во соопштението.
Браун и Герасимов разговарале и за тоа како да се избегнат можните погрешни пресметки и ескалација меѓу двете земји кога станува збор за Украина, рече американскиот претставник.
Поточно, тие разговараа за тоа што САД и дозволуваат на Украина да користи ракети со долг дострел ATACMS против цели во Русија, како и последователно тестирање на Русија на балистичка ракета со среден дострел (IRBM) против цел во Украина. Русија рече дека нападот на IRBM бил одмазда за тоа што и дозволила на Украина да користи ракети ATACMS во Русија.
Руското Министерство за одбрана завчера преку соопштение објави дека фрегатите „Адмирал Горшков“ и „Адмирал Головко“ „испукале хиперсонични ракети Циркон, а подморницата Новоросијск лансирала крстосувачка ракета „Калибр“ кон цел на површината на морето.
„Истовремено, од одредена област на брегот на Средоземното Море, екипажот на крајбрежниот ракетен систем Бастион лансираше крстаречка ракета Оникс“, се вели во соопштението. Иако локацијата за лансирање не беше откриена, крстосувачката ракета најверојатно била истрелана од руската база во Тарсус, Сирија, нејзината единствена прекуокеанска поморска база.
Целите беа директно погодени“, се вели во соопштението.
„Вежбата во Источниот Медитеран се спроведува во согласност со важечките норми на меѓународното право, како и со договорите на Руската Федерација со странски земји за спречување инциденти на море надвор од територијалните води, како и во воздушниот простор над нив“, се додава.
Бродовите на руската морнарица се упатија кон источниот Медитеран од нивните арктички бази, а тестот доаѓа додека руските воени авиони му даваат поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад откако бунтовничките сили го зазедоа Алепо претходно оваа недела.