Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

Од:

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц го осуди „варварскиот напад“ на Русија на украинскиот град сум во кој има над 30 жртви.

„Ваквите руски напади покажуваат што значи наводната желба на Русија за мир“, додаде германскиот лидер во изјавата, повикувајќи ја Русија „конечно да прифати сеопфатен прекин на огнот“.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ја продолжува војната „без почитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските понуди на претседателот Трамп“.

„Таа војна, сите знаат дека Русија беше единствената што ја сакаше. Денес е јасно дека Русија е единствената што избра да ја продолжи“, додаде тој во објавата на X.

„Потребни се силни мерки за да се наметне прекин на огнот на Русија. Франција, со своите партнери, неуморно работи на ова“, рече Макрон.

Кит Келог, специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за војната во Украина, реагираше на рускиот напад врз Суми со порака на социјалните мрежи дека „ги преминува сите граници на пристојност“.

„Десетици цивили мртви и ранети. Токму затоа претседателот Трамп вложува големи напори да ја запре оваа војна“, напиша Келог.

На неговата објава брзо реагираше советникот за комуникации на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој со остар тон рече:

„Зарем не мислиш дека е време да ја удриш таа московска мазга со стап во лицето?

Вашингтон и Москва одржаа серија разговори за можен прекин на огнот, но нападите врз украинските градови во меѓувреме не престанаа, а расте загриженоста дека Украина може да биде принудена на сериозни отстапки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека на Украина и го дал најразорното оружје во светот

Германија го повикува Путин на преговори

ВИДЕО: Конгресот повторно му пркоси на Трамп, гласаше за нови сакнции за Русија и помош за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кремљ и Трамп се огласија за писмото на Зеленски

ВИДЕО: Украина се пофали со дронот со кој „прави хаос на Крим“

ВИДЕО: Потресна снимка од Днепар, од урнатите извлечено тело на тригодишно дете

Катерина Ѓуровски