Украински колапс на фронтот во Курск, руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување

Од:

Руските војници ги блокираа остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина во селото Горнал во областа Курск, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на воен извор во борбената група Север.

Руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување и можни патишта за повлекување на украинските војници, кои сега се најдоа во тешка ситуација, пренесува руската агенција АИФ.

„Вооружените сили на Украина имаат големи проблеми со пешадиските единици кои останаа на линијата на фронтот во Горнал. Сите патишта за снабдување и повлекување на нивните сили се прекинати, така што остатоците од украинската пешадија се ефективно блокирани“, објаснил извор за новинската агенција АИФ.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва