ВИДЕО: Путин и Шојгу со насмевки на лицата ги следат воените вежби на истокот на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана на земјата Сергеј Шојгу се снимени како со насмевки на лицата ја следат големата воена вежба „Восток 2022“ на далечниот исток на Русија.

И двајцата носеа воени борбени јакни и се шегуваа додека го слушаа телефонскиот разговор меѓу заменикот на Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов.

Вежбите се одржуваат од 1 до 7 септември и учествуваат повеќе од 50.000 војници од 14 земји, како и 5.000 единици оружје и воена опрема, вклучувајќи над 140 авиони, 60 воени бродови, чамци и бродови за поддршка.

Како што претходно најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин претходно имаше затворена средба со министерот за одбрана Шојгу и Герасимов.

Учесниците на маневрите ги разработија прашањата за обезбедување воена безбедност во источниот регион.

За време на вежбите се вежбаат одбранбени и офанзивни дејства на седум полигони на Источниот воен округ.

Различни варијанти на соработка меѓу различни типови на армијата и коалициските групи трупи, исто така, се разработуваат во интерес на обезбедување на воената безбедност на Русија и нејзините сојузници во областа на одговорност на Источниот воен округ.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли