ВИДЕО: Први снимки од огромната руска база на Арктикот

Од:

Руската војска на големо работи за подобрување на инфраструктурата на Арктикот, со тоа што се основаат нови бази и се уредуваат старите.
Министерството за надворешни работи објави снимка од дрон со кои се покажуваат базите.

Базата наречена „Северна детелина“ е оперативна од 2015 година и таму има околу 250 војници. Се наоѓа на островот Котелни, веројатно на најмалку гостопримливото место на планетата, а поблиску е до Алјаска, отколку до Москва.

Изградена е во облик на три листа, а благодарение на напредната техологија овозможен е лагоден престој без влијание од надворешната средина, со резерви кои гарантираат дека нема да има проблем најмалку година дена.

Овој тролист е еден од трите нови руски бази над 75 паралела и е дел од рускиот проект со кој сака да ја потврди својата воена сила на Арктикот.

Од руската војска наведуваат дека во последните шест години се изградени 475 воени локации кои се протегаат од западната граница на Русија се до Беринговиот мореуз на исток.

Базите се опремена со ракетни системи „Панцир“ кои се прилагодени на екстремни температури и функционираат и на минус 50 степени.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија