ВИДЕО: Пронајден мртов човек на улица во Вухан

Од:

Полиција во заштитни костими вчера во кинескиот град Вухан опколила тело на мртов маж кој бил пронајден како лежи на тротоарот.

Мажот со седа коса носел заштитна маска за лицето, а паднал и умрел додека одел по улицата.

На снимки објавени од локалните медиуми се гледа како медицинскиот персонал го покрива телото на човекот со сино ќебе, по што полицијата го опколила местото со картонски кутии за да ја скрие вознемирувачката глетка од очите на другите минувачи, пренесува „Дејли мејл“.

Телото набрзо било внесено во амбулантно возило, по што медицинскиот персонал започнал да го дезинфицира тој дел од улицата. Целиот овој трагичен настан, за жал, потсетува на вознемирувачките сцени од филмовите за катастрофи, во кои, поради непозната епидемија, луѓето умираат на улица.

Жена која стоела близу до човекот кога паднал изјавила дека верува оти починал од инфекција со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Во САД е пронајден мртов патник во мотор на авион

Во Зрењанин: Еден мртов во караницата помеѓу двајца познаници

Горан Наумовски

Млад струмичанец е најден мртов во својот дом

Горан Наумовски

Жител на Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска