Во Зрењанин: Еден мртов во караницата помеѓу двајца познаници

Од:

Полицијата привела маж (48) од околината на Зрењанин, поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда со смртен исход.

Тој е осомничен дека во дворот од куќа во околината на Зрењанин со нож повредил маж (54), а потоа со автомобил го однел и го оставил пред Здравствениот дом во Тител.

Повредениот бил пренесен во клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад, каде починал.

„По наредба на Вишото јавно обвинителство телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад“, се вели во соопштението на полицијата.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Зрењанин.

Би можело да ве интересира

Во САД е пронајден мртов патник во мотор на авион

Млад струмичанец е најден мртов во својот дом

Горан Наумовски

Жител на Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Отиде на прошетка и не се врати: Полицијата го пронајде телото на 40-годишниот планинар

Инцидент во Градски парк во Скопје: Караница и тепачка поради девојка

Горан Наумовски

Скопјанец при караница извадил пиштол, но бил спречен да го употреби