(ВИДЕО) Отиде на прошетка и не се врати: Полицијата го пронајде телото на 40-годишниот планинар

Од:

Планинарот од Монтана, кој исчезна минатата недела, е пронајден мртов. Се верува дека е убиен од гризли.

Безживотното тело на Крег Клуатр (40) од Ливингстон, беше пронајдено еден ден откако отиде на планинарење со пријател, но подоцна не се појави на договорената локација.

– Тие се разделија. Кога другиот маж се врати во нивното возило, а неговиот пријател го немаше, почнавме со потрага, рече шерифот на округот Парк, Бред Бичлер.

Официјалните лица не објавија детали за тоа каде е пронајдено телото на Крег или зошто веруваат дека тој бил убиен од гризли, објави Њујорк пост.

Потрагата започна во средата вечер со тимови на земја и хеликоптери во воздух кои ја пребаруваа областа околу Сикс Мил Крик на планината Абсарока, северно од Националниот парк Јелоустоун.

Крег се пресели од родниот Масачусетс во Монтана пред повеќе од две децении. Таму ја запозна својата сопруга Џејми и реши да изгради куќа.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас