Скопјанец при караница извадил пиштол, но бил спречен да го употреби

Од:

На 10.9.2022 на бул.„Никола Карев“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(27) од с.Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имено, непосредно пред тоа на ул.„Македонско-косовска бригада“, Е.И. кој управувал мотоцикл „пиаџо“, со скопски регистарски ознаки, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот со А.Х.(38) од Скопје, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, извадил пиштол, но бил спречен да го употреби.

По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал, против Е.И. ќе следи соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

43-годишник уапсен, малолетните деца краделе – претреси во Струга и Битола најдени пиштоли, пушки и муниција

А1он

Дете од Скопје дошло со пластичен пиштол во школо и го вперувал кон учениците

Американка е уапсена на аеродромот во Сиднеј, имала позлатен пиштол во куферот

Кавадарчанец со воздушен пиштол пукал кон куќата на соседот

Инцидент во Градски парк во Скопје: Караница и тепачка поради девојка

Горан Наумовски

Скопјанец пукал со пиштол во дворот од семејната куќа