Дрога, пиштол и куршуми се пронајдени кај тројца уапсени во Скопје

Од:

Приведени се три лица по претреси на скопската територија и е пронајдена дрога, пиштол и куршуми, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје ги лишија од слобода С.Б. и Е.А., на возраст од 21 и 33 години, двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага – појаснија од МВР.

Уште едно лице било уапсено затоа што му биле пронајдени пиштол и куршуми.

– Во село Сарај, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје го лишија од слобода М.А., на возраст од 40 години од село Радуша, Скопско, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје во домот, по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле пиштол „глок“ калибар 9х9 мм, една рамка и 13 куршуми – информираа од МВР.

Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Предраг Петровиќ

МВР: За убиство на 48-годишна жена, лишени од слобода четири лица

Предраг Петровиќ

Куцуловски: Бев приведен поради истакнување палестинско знаме, Панче Тошковски се обидува да манипулира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција