Вооружен судир избувна утрово меѓу авганистанските безбедносни сили и непознати напаѓачи на северната порта на аеродромот во Кабул, објави германскиот Бундесвер на „Твитер“.
Еден припадник на авганистанските безбедносни сили загина, а тројца се ранети во овој конфликт, во кој учествуваат и американските и германските сили.
Илјадници луѓе повеќе од една недела се обидуваат да го напуштат Авганистан, при што најмалку 20 загинаа, кои се плашат од одмазда и враќање на строгото владеење под талибанците, кои под две децении ја презедоа контролата над земјата.
Толпата се зголеми на аеродромот во Кабул, каде Авганистанци кои стравуваат од одмаздата на талибанците, со денови чекаат на горештини и во прав во надеж дека ќе се качат на некој од авионите што ќе ги одведе во некоја безбедна земја. Со метежот кој се создава крај аеродромот се попречуваат операциите на САД и други земји кои се обидуваат да евакуираат илјадници свои дипломати и цивили, како и бројни Авганистанци кои работеле за нив.
Според официјалните изјави и локалните извештаи, досега се евакуирани најмалку 28.000 луѓе.
САД, кои имаат стационирано илјадници војници за да го обезбедат аеродромот, поставија краен рок за завршување на евакуацијата до 31 август. Но, има околу 15.000 Американци и 50.000 до 60.000 авганистански сојузници кои треба да бидат евакуирани, според податоците од администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Во меѓувреме, талибанците соопштија дека нема да дозволат амерканските и британските војници не бидат повлечени до терминот од 31. август како што беше најавено. Велат дека ако САД и Британија ја прдолжат окупацијата ќе има последици.