Според познатиот климатолог, професор Џејсон Бокс од Геолошката служба на Данска и Гренланд, на планетава и се заканува исчезнување, доколку се ослободи само дел од јагленот, кој што се наоѓа на дното на морето под Арктикот и влезе во атмосферата.
Ова тврдење на Бокс е реакција на извештајот на Универзитетот во Стокхолм, во кој се наведува дека од дното на Арктик се ослободуваат големи количини метан, кој што е одговорен за создавање на ефектот на стаклена градина и глобално затоплување.
If even a small fraction of Arctic sea floor carbon is released to the atmosphere, we’re f’d.
— Jason Box (@climate_ice) July 29, 2014
Орјан Хустафсон, еден од научниците кои што го откриле и снимиле метанот, вели дека сите се изненадени од ова откритие. Тие претходно имале сознание дека метанот „испливува“ од дното на океанот, но сметале дека тоа е само предупредување.
Е. Г.