ВИДЕО: Пожар во болница во близина на Рим, тројца мртви

Од:

Пожар избувна во болница во предградие на Рим, при што загинаа најмалку три лица, соопштија денеска локалните власти. Властите наредија евакуација на установата и пациентите.

Државната телевизија РАИ објави дека две лица починале од вдишување чад, а третото од срцев удар. Пациентите на интензивна нега во болницата Св. Јован Евангелист (Сан Џовани Евангелиста) во Тиволи веднаш биле префрлени во други болници со брза помош, се вели во соопштението за печатот од канцеларијата на градоначалникот на Тиволи. Помалку критични пациенти беа преместени во блиската општинска сала.

Пожарот избувнал вчера доцна вечерта, а подоцна бил ставен под контрола. На видеото што го објавија пожарникарите, може да се видат противпожарни екипи на скали кои се обидуваат да стигнат до горните катови на болницата додека од нив се излева чад, пишува АП.

Тиволи, кој се наоѓа на околу 35 километри од Рим, е популарна туристичка дестинација. Најпознат е по археолошките локалитети Вила д’Есте и Вила Адријана, од кои и двете се места на светско наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим