ВИДЕО: Поради суеверие загрозен животот на албино децата во Танзанија

Од:

Животите на децата во Танзанија, кои страдаат од албинизам генетско пореметување при кое производството на пигмент на кожата е намалено или воопшто не се произведува, се доведени во опасност поради верувањето дека делови од нивното тело им носат здравје и среќа на оние кои ги поседуваат.

Овие лица често се мета на рударите, рибарите, надрилекарите и сите оние кои живеат со предрасуди, а опкружувањето ги нарекува „племе на духови“ или „невидливи“.

Рибарите веруваат дека нивната коса ќе им го зголеми риболовот, рударите дека ќе пронајдат дијамант доколку поседуваат коска од албино лице, додека надрилекарите ги користат нивните гениталии како помош за потенцијата.

Владата во Танзанија отвори прифатен центар за стотина деца, со цел да им даде мала можност да изградат сопствениот живот.

Во одредени случаи, татковците биле пресреќни кога ќе им се родело албино-дете, но не поради тоа што семејството се зголемило за уште еден член, туку затоа што со продажба на дел од телото на своето дете, може да заработи цело богатство.

Во танзаниското село Кабанге, мајка успеала да ја заштитит својата ќерка Ангел од свирепата одлука на нејзиниот татко, се додека не наполнила 13 години. Тогаш татко и испратил група напаѓачи, од кои девојчето едвај успеало да побегне.

 

Е. Г.

 

Би можело да ве интересира

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија

ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Катерина Ѓуровски

Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати, во бродолом во Индискиот Океан

Ана Ололовска

Тројца полицајци и член на обезбедување убиени пред француската амбасада во Танзанија

А1он

Самија Сулуху Хасан положи заклетва како прва жена претседател на Танзанија

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест