Самија Сулуху Хасан положи заклетва како прва жена претседател на Танзанија

Од:

Самија Сулуху Хасан, досегашната потпретседателка на Танзанија, денеска, во зградата на владата во Дар ес Салам, положи заклетва како прва жена претседател на оваа африканска земја.

Шеесет и едногодишната Хасан стана претседателка по смртта на претходниот претседател Џон Магуфули, кој не беше виден во јавноста претходните две недели, а чија смрт беше официјално прогласена во средата.

Објавувајќи ја веста за смртта на Магфули од срцев удар, Хасан најави и 21-дневна жалост во земјата и дека на 22 март ќе му се одаде посебна почит на починатиот претседател Магуфури, како и на 25 март, на денот на погребот.

Облечена во хиџаб и со куранот во десната рака, Хасан денеска положи заклетва и вети дека ќе го почитува Уставот на оваа источноафриканска земја.

На церемонијата присуствуваа членови на владата, како и поранешните претседатели на Танзанија, Али Хасан Мвини, Јакаја Киквете и Абеид Каруме. Поранешните претседатели беа единствените во салата кои носеа заштитни маски против Ковид-19.

Откако ја положи заклетвата, Хасан излезе во смотра на почесната гарда.

-За мене ова не е добар ден за да Ви се обратам, затоа што имам рана во срцето. Денеска положив заклетва различна од онаа што ја давав за време на мојата кариера. Тие досега беа давани во среќа. Денеска давам заклетва за највисоката функција во државата во жалост, рече Хасан.

Таа кажа дека Магуфули ја подготвил за задачата што ја чека.

-Ништо нема да тргне наопаку, рече таа, повикувајќи ги граѓаните да работат за обединување на нацијата.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија

ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Катерина Ѓуровски

Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати, во бродолом во Индискиот Океан

Ана Ололовска

Тројца полицајци и член на обезбедување убиени пред француската амбасада во Танзанија

А1он

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест

Претседателот на Танзанија конечно призна: Молитвата не го победува Ковид-19