ВИДЕО: Полициски хеликоптер се урна врз станбена зграда

Од:

Полициски хеликоптер на Флорида во САД се урна во станбена област во близина на училиште.

Како што пренесуваат американските медиуми, хеликоптерот на локалната полиција прво зачадил, а потоа се свртел и се распаднал во воздухот, што може да се види на видеото.

Медиумите јавуваат дека хеликоптерот удрил во станбена зграда во Помпано Бич, во близина на Форт Лодердејл, Флорида.

Првичните извештаи велат дека хеликоптерот имал „проблеми со одржување“ пред да удри во зградата.

Во хеликоптерот имало три лица, соопшти Федералната управа за авијација.

Четири лица се хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните