Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Од:

Македонец кој додека бил на службен пат во Унгарија доживеал мозочен удар, бил опериран во Сегед, а денеска со медицинскиот хеликоптер на МВР е пренесен на лекување на Клиниките во Скопје.

Барањето за транспорт на човекот кој неколку денови се лекувал во Сегед било испратено до Центарот за управување со кризи.

– Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска. Инаку, лицето било на службен пат во Унгарија и доживеало мозочен удар, по што веднаш било сместено и оперирано на Универзитетската клиника во Сегед, по што од таму денеска е транспортиран и е сместен на Универзитетската клиника во Скопје, информираат од ЦУК.

Инаку, ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт на од Сегедин до Скопје, по првиот пат што успешно се реализираше на 11 април.

Би можело да ве интересира

Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

ВИДЕО: Објавена нова снимка од падот на воениот хеликоптер кај Брчко

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он