Необичен инцидент се случи во Милано. Триесетгодишен возач се скарал со група од седум-осум тинејџери. Потоа се заклучил во автомобилот и се обидел да побегне, но во таа прилика удрил петмина од нив, меѓу кои и двајца малолетници, пренесува Lapresse.
Milano, tanto per cambiare. pic.twitter.com/EodcYliDSy
— Selvaggia Lucarelli (@stanzaselvaggia) June 7, 2024
Сè се случило околу 1:30 часот наутро, во Виа Сан Вито, во областа Колон ди Сан Лоренцо.
Младите момчиња кои беа повредени се пренесени во неколку болници во градот.
Локалната полиција интервенирала и констатирала дека 30-годишниот маж бил позитивен на алкотест, поради што било пријавено дека возел во алкохолизирана состојба.
Видео од тепачката е објавено на социјалните мрежи од жител. Сцената ја снимила жителка на улицата која тепачката ја овековечила од својот домашен прозорец.
Видеото е објавено со означување на градоначалникот Бепе Сала и до него со осудувачка реченица: „Ова не може да биде „нормален“ настан во Милано, тоа е неприфатливо. Тоа се случува премногу често во моето соседство, и насекаде во овој град. “