Семејна трагедија во Милано, убиени тројца членови на едно семејство

Од:

Семејна трагедија се случила во Милано кога, како што се сомневаат истражителите, 51-годишен маж ги убил сопругата и 12-годишниот син, а потоа постариот син си го удрил таткото и го убил, јавуваат италијанските медиуми.

17-годишно момче повикало полиција и кажало дека си го убил таткото кој според исказот на момчето бил одговорен за смртта на неговата мајка и помладиот брат, објави La Stampa.

Полицијата допрва треба да го верификува неговиот исказ, а не се исклучува можноста тој самиот да ги извршил убиствата.

По доаѓањето на местото на настанот, карабинерите пронашле седумнаесетгодишник со нож во рака.

Истрагата ја координира обвинителството во Монца, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Предраг Петровиќ

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ