Еден мртов, неколкумина избодени со нож во близина на Милано, меѓу нив и поранешен фудбалер на Арсенал

Од:

Во градот Асаго, кој се наоѓа недалеку од Милано, со нож се избодени пет лица, јавуваат италијанските медиуми. Меѓу нив е и шпанскиот фудбалер, поранешниот играч на Арсенал, Пабло Мари.

Нападот се случил во трговски центар. Едно лице загина, а се работи за лице вработено во трговскиот центар. Две лица се тешко повредени. Напаѓачот (46) по случаен избор избодел луѓе и бил уапсен.

Полицијата соопшти дека не се работи за терористички напад и дека напаѓачот е психички болен. На терен биле неколку возила на брза помош и полиција.

Според карабинерите, откако напаѓачот украл нож од супермаркетот „Карфур“, од засега непознати причини избодел пет муштерии.

Би можело да ве интересира

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

Американец рани тројца палестински студенти во Вермонт

Две лица се ранети во престрелка во Подгорица

Горан Наумовски

Двајца повредени и еден уапсен по пукање во центарот на Сараево