Американец рани тројца палестински студенти во Вермонт

Од:

Полицијата уапси лице осомничено дека пукало во тројца палестински студенти во Бурлингтон, Вермонт.

Џејсон Итон (48) е приведен, соопшти полициската управа. Според извештаите, осомничениот живее во зграда недалеку од местото каде што се случило пукањето. Тој е уапсен околу 15.30 часот, по локално време, на местото на злосторството.

Тројца студенти од Палестина, биле застрелани додека оделе по улица. Младите момчиња на возраст од околу 20 години мирно се движеле кога пред нив застанал вооружен маж и испукал по еден куршум, а потоа побегнал.

Двајца млади се во стабилна состојба, додека третиот се здобил со исклучително тешки повреди.

Нападнатите студенти беа идентификувани како Хишам Авартани, студент на Универзитетот Браун во Род Ајленд, Кинан Абделхамид, студент на колеџот Хаверфорд во Пенсилванија и Тахсин Ахмад, студент на колеџот Тринити во Конектикат.

Семејствата на жртвите и неколку групи за граѓански права ги повикаа инспекторите да испитаат дали пукањето е злосторство од омраза, бидејќи нападот доаѓа во време на извештаи за пораст на антимуслиманските и антиарапските инциденти во САД поради тековната војна меѓу Израел и Израел.

Би можело да ве интересира

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

Две лица се ранети во престрелка во Подгорица

Горан Наумовски

Двајца повредени и еден уапсен по пукање во центарот на Сараево

Страшен напад во Шведска: Најмалку тројца ученици избодени со нож во училиште

Ранети двајца браќа во пукотница на наплатна станица „Желино“