Ранети двајца браќа во пукотница на наплатна станица „Желино“

Од:

Тетовската полиција извести дека вчера во 11.20 часот на наплатна станица „Желино“, Џ.А (40) од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К.(34) и неговиот брат А.К.(32), при што двајцата се здобиле со повреди.

Ранетите А.К. и А.К. биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде им е укажана лекарска помош.

Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пукање во Канада: Еден полицаец убиен, двајца ранети

Втора жртва во оружениот инцидент во „Мерцедес“ во Германија, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Пукано во деца кои си играле криенка: Уапсен маж кој повреди девојче

Оружен инцидент во скопско Батинци: Тешко повреден е маж

10 мртви во пукањето во Младеновац – се стравува дека бројот ќе расте

А1он

Белград: Маж од покрив на зграда пукал во жена на улица