Напад со нож во Германија, неколку лица се повредени

Од:

Германските власти денес соопштија дека неколку патници се повредени во напад со нож во брз воз што сообраќал од Хамбург до Виена.

Според баварската полиција, нападот се случил околу 13:55 часот по локално време, додека возот минувал низ градот Регенсбург и се упатувал кон Платлинг.

„Според сегашните информации, четири лица се полесно повредени. Сторителот е уапсен од нашите сили“, соопшти полицијата, додавајќи дека околу 500 патници се наоѓале во возот во времето на инцидентот.

Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот каде што возот бил принуден да застане откако патниците ја повлекле рачната сопирачка. Областа била опколена додека истражителите ја проценувале ситуацијата и собирале докази.

Би можело да ве интересира

Германско лото: Две и пол години 250.000 евра им беа „на дофат“, но тие немаа поим за тоа

А1он

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он