ВИДЕО: Се урна мал авион врз деловна зграда во Милано, загинаа осум лица

Од:

Осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска во авионска несреќа, кога околу 13 часот мал авион од типот „Пилатус ПЦ12“ удри во деловна зграда во Милано, која во моментот на несреќата била празна заради реновирање, јави „Дејли Мејл“.

ДПА јавува дека туристичкиот авион полетал од миланскиот аеродром „Линате“ и се урнал само неколку километри подоцна на пат кон Олбија, на Сардинија.

Сите жртви се од авионот, а станува збор за пилот, копилот и шестмина патници.

Според неофицијални информации на италијанските медиуми, пилотот бил романски државјанин, додека патниците биле од Франција.

На местото на несреќата избувнал пожар.

Итните служби пристигнале брзо, но ниту една од жртвите не била спасена.

Причината за несреќата засега е непозната.

Сведоци на настанот јавуваат дека еден од моторите на авионот се запалил, а авионот потоа се урнал.

Би можело да ве интересира

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

САД: Украинците не знаеле дека во соборениот авион има воени заробеници

Горан Наумовски

Путин: Американскиот систем „Патриот“ го собори рускиот авион во кој се превезуваа украински затвореници

Горан Наумовски

Еден мртов, неколкумина избодени со нож во близина на Милано, меѓу нив и поранешен фудбалер на Арсенал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна авион во Охајо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за растворувачи во Милано, шестмина повредени