ВИДЕО: Пеколни горештини на северната хемисфера, Европа е особено тешко погодена

Од:

На северната хемисфера, почна уште една недела со големи горештини, со температури во Европа кои се очекуваат да надминат 40 степени Целзиусови во Италија и предупредувања за топлотни бранови во Шпанија, додека разорните пожари продолжуваат да горат во Канада и Калифорнија. До 48 степени се очекуваат на почетокот на неделата на Сардинија, медитерански остров западно од италијанската чизма.

Во Шпанија, метеоролошката агенција издаде портокалово предупредување. Таа предупреди на температури од 38 до 42 Целзиусови степени во големи области на полуостровот и на Балеарските острови. Црвено предупредување со температури од 42 до 44 степени е издадено за понеделник за регионот Андалузија, а за вторник за Арагон, Каталонија и Мајорка.

Последиците од високите температури веќе се чувствуваат на Канарските острови, на островот Ла Палма, каде викендов пожар опустоши 5.000 хектари, а околу четири илјади луѓе мораа да бидат евакуирани. Во Европа, каде според експертите, глобалното затоплување напредува двојно побрзо од глобалниот просек, особено страдаат неколку земји.

Во Италија 16 градови се во црвено на целата територија, а температурите би можеле да надминат 40 степени. Романија очекува до 39 денеска, а во Грција, каде што треба да почнат малку да паѓаат, атинскиот Акропол беше затворен за посетители во недела од 13 до 17 часот.

Во САД, од Флорида на југоисток до Калифорнија на запад преку Тексас на југ, голем дел од југот на земјата во неделата повторно беше под влијание на топлотен бран.Во познатата Долина на смртта, во Калифорнија , едно од најтоплите места на планетата, термометарот во саботата покажа 51 степен Целзиусов во вечерните часови.

На југот на Калифорнија горат неколку многу жестоки пожари кои веќе опустошија повеќе од 3.000 хектари и доведоа до евакуација на населението. Според државната противпожарна служба, пожарите се само „10 отсто контролирани“, што предизвикува стравувања дека ситуацијата ќе се влоши.

Во Флорида, градот Мајами го издаде првото предупредување за „прекумерна топлина“ во својата историја. Подгответе се за големи горештини“, предупреди општината на Твитер. Други делови на САД се изложени на ризик од тешки временски услови, дожд и грмотевици, особено во Нова Англија.

Во поплавите загинаа четири лица во саботата во округот северно од Филаделфија, а три лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите. Канада, исто така, беше опустошена од повеќе пожари оваа година отколку што се случило во таа земја.

Јапонија издаде предупредувања за топлотен удар за десетици милиони нејзини жители во 20 од нејзините 47 префектури во неделата, бидејќи речиси рекордните температури го погодија поголемиот дел од земјата. Во Токио, каде температурата достигна 36 степени Целзиусови, „самото одење е исцрпувачко“, вели Колин Грисон (24), турист од Франција. „Се потиме без да правиме ништо“, изјави таа за АФП.

Земјата, исто така, се справува со поројните дождови во кои загинаа најмалку осум лица, вклучително и маж пронајден мртов во саботата во поплавен автомобил на северот. Во Јужна Кореја, обилните дождови усмртија најмалку 37 луѓе во последните денови, а девет се водат за исчезнати.

Кинеската метеоролошка служба издаде неколку предупредувања, предвидувајќи температури кои би можеле да достигнат до 45 степени во полупустинскиот регион Ксинџијанг и 39 во јужниот регион Гуангкси. Топлотните бранови се еден од најсмртоносните временски настани, потсети неодамна Светската метеоролошка организација.

Само минатото лето во Европа високите температури предизвикаа повеќе од 60.000 смртни случаи, според една неодамнешна студија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски