Талибанците влего во Кабул. Претходно го држеа градот опколен и најавија дека ќе чекаат мирно предавање. Веста за влегувањето на талибанците во главниот авганистански гради ја потврди министерот за внатреши работи.
Последните информации велат дека се случаат пукотници од Аеродромот на кој во текот на денот имаше огромни гужви бидејќи голем број луѓе се обидуваат за избегаат со последните комерцијални летови.
#BREAKING: Taliban in a fresh statement says it has decided to enter Kabul even after deciding this morning that they shall wait for transition of power. Says decision taken so that abusers/thieves don’t get mixed and harass common people. Taliban asks common people not to fear. pic.twitter.com/9RwjarXe80
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) August 15, 2021
Талибанците формално ќе ја преземат власта во следните 48 часа, откако влегоа во Кабул и преземаа стратегиски локации низ градот. Според последните информации тие не се согласуваат на преодна влада. Претходно беа објавени информации дека ќе биде формирана преодна администрација..
Како што соопшти портпаролот на Талибанците, Кабул го напуштиле полицијата и војската, што ја загрозило безбедноста во главниот град на Авганистан.
Претседателот на Авганистан Ашраф Гани ја напушти земјата и замина во Таџикистан. Тој се согласил да поднесе оставка, јави руската агенција РИА, објаснувајќи ја таа одлука со тоа што во Кабул се невозможни борби.
Паралено со ова од Кабул се евакураат странските дипломати. Американски маринци ги повлекуваат вработените од амбасадата. Амбасадорот на САД си замина. Повлечени се и голем дел европски дипломати, а заминуваат и сите Авганистанци кои работеле за САД, за амеркански компании или за други странски мисии.