ВИДЕО: Ова се „терористичките тунели“ поради кои страда Газа

Од:

Поради подземните премини, кои Хамас наводно ги користи за своите дејства, тежиштето на борбата во појасот Газа се префрли во подземјето.

-Цела Газа е еден подземен град, а инфраструктурата која Хамас за таа основа ја изгради во тек на изминатите години е голема. Таа се состои од тунели, проширени бункери, објекти за складирање оружје, дури и урбани области- тврди портпаролот на израелската војска, капетан Ејтан Бухман, пренесе „Вашингтон пост“.

Израелската војска досега открила 66 влеза, кои водат во 23 тунели и нема намера да ја прекине воена офанзива, додека не ги уништи или онеспособи сите, бидејќи тврди дека се изградени за „киднапирање и убивање на Израелците“.

Палестинското милитантно движење Хамас во тек на изминатите недели два пати преку овие тунели се инфилтрира во Израел. Овие тунели кои можат да послужат како премин за луѓе и транспорт на воени резерви, започнуваат во Газа и влегуваат во Израел, а се изградени во 2006 година кога Хамас презеде контрола над Газа и одлучи да си овозможи можност за инфилтрирање во Израел.

Мекото и песочно тло било лесно за копање, така што тунели се доволно високи преку нив да помине возрасен човек. Како изгледаат од внатре, може да се види на пропагандното видео кое неодамна го објави Хамас и во кое се прикажани неговите вооружени и маскирани припадници како маршираат преку слабо осветлените подземни премини.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа