Научниците објавија дека откриле фосилни остатоци од диносаурус стар 77 милиони години, во областа јужна Патагонија во Јужна Америка, меѓу Аргентина и Чиле, и тврдат дека бил тежок 65 тони и долг 26 метри.
Откритието е објавено во магазинот Nature Journal Reports и е сензационално поради фактот што овој диносаурус е најголем пронајден примерок до сега, дури и од тираносаурусот кој се сметаше за најголем, пренесува Reuters.
Новооткриениот диносаурус бил тежок 65 тони и долг околу 26 метри, со врат долг 11 метри, а опашка од девет метри.
За откритието е заслужен палеонтологот Кенет Лаковар од Универзитетот Дрексел (Drexel) во Филаделфија, САД.
„Овој диносаурус е најголемо познато суштество на Земјата и сега конечнo знаеме колку бил тежок, можеби поголем од него бил само аргентиносаурот, исто така, пронајден во овој предел, но не можеме со сигурност да знаеме затоа шtо се покажа дека, сепак, немаме доволно остатоци за точно да ја пресметаме неговата тежина#, рекол Лаковар.
Новопронајдениот гигант го добил називот Dreadnoughtus.
„Одлучивме да го наречеме така затоа што во преносна смисла значи „оној кој не се плаши од никој“. Па тоа име, со оглед на тоа дека бил, како што се чини, најголемо живо суштество на Земјата, и тоа како му прилега“, рекол Мет Ламан, еден од членовите на истражувачкиот тим.