ВИДЕО: Иран објави видео снимка од запленувањето на Британскиот танкер

Од:

Иранската државна агенција „Тасмин“ објави видео снимка од британскиот танкер “Стена империја”, каде бродот се гледа закотвен на отворено море.

Во петокот, танкер кој пловеше под знамето на Велика Британија во Ормускиот Проток беше заробен од Корпусот на чувари на Исламската револуција во Иран, откако наводно ги прекршил меѓународните правила. Обединетото Кралство го осуди овој потег, нарекувајќи го “неприфатлив”.

Нападот се случи во средината на британско-иранските тензии што ескалираа откако Велика Британија окупираше ирански супертанкер во близина на Гибралтар.

Агенцијата Фарс претходно соопшти дека сите 23 членови на екипажот на притворениот танкер сега се наоѓаат во пристаништето на Бандар Абас и ќе останат на бродот до крајот на истрагата.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел