Новиот филм „НЛО и Третиот рајх“ дава нова теорија за мистериозниот летечки објект, кој две години по завршување на Втората светска војна се урнал во американско тло односно во Розвел.
Научниците најпрвин сметале дека станува збор за вселенска летачка чинија, метеоролошки балон или тајно летало за шпионажа на советскиот нуклеарен програм, но всушност се работело за антигравитациски летечки објект, кој бил изграден според технологија по која се произведуваат хеликоптери и ракети.
Се претпоставува дека едно такво летало наводно во 1943 година, дошло во рацете на американската војска и дека САД продолжиле да ја развиваат таа технологија, меѓутоа поради неуспешно тестирање леталото се урнало во Розвел.
Инаку од порано во литературата за НЛО и во документарецот „Нацистичка НЛО завера“ се појавија приказни за нацистичко летало во облик на ѕвоно.
Новиот филм за кој се уште не се знае многу, наводно се фокусира на германскиот инженер Џозеф Андреас Еп, кој наводно работел на НЛО проект, кој резултирал со неколку летала во облик на чинија.
Теоријата за пад на НЛО во Розвел, кој е резултат на нацистичката технологија е во контраиндикација со исказите на очевидците, кои на поинаков начин го опишале мистериозниот објект, а споменувале и вонземјани, кои биле пронајдени во леталото.
Пред неколку години се појави и теорија дека Сталин со помош на Џозеф Менгел по хируршки пат направил деца да изгледаат како вонземјани, а потоа ги испратил во САД, во леталото кое се урнало во Розвел.
Постои и теорија која сугерира дека американската влада е под контрола на влада во сенка, со која управуваат вонземјани, кои им помогнале на нацистите во 30-тите години да дојдат на власт.
Е. Г.