Германски пензионер во подрум чувал нацистички тенк, не знаат за што да го судат

Од:

Обвинителите во Германија не знаат како да го казнат пензионерот кој во својот подрум со децении чувал неколку видови легендарно оружје кое го користеле нацистите – тенк „Пантер“, торпедо и противавионски топ со калибар од 88 милиметри. Тој исто така имал и голема колекција од пушки и пиштоли.

Оружјето е извадено од подрумот на куќа во градот Хајкендорф во северна Германија, во 2015 година. Акцијата барала вклучување на неколку воени возила и неколку десетици војници, кои со часови внимателно го извлекувале оружјето од подрумот на пензионерот, кој сега има 84 години.

Според обвинителите, се разговарало за можна условна казна и глоба од половина милион евра.

Според адвокатот на неименуваниот пензионер, американски музеј е заинтересиран да го купи тенкот „Пантер“, кој се смета за еден од најефикасните кои Германија ги користела во Втората светска војна.

На вчерашното сослушување во градот Кил, правните експерти се обиделе да утврдат дали колекцијата ги крши германските закони за контрола на вооружувањето, со кои се регулира производството, продажбата и транспортот на оружје.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел