(ВИДЕО) Нова драма над Црното Море: Руски Су-27 се обиде да собори Бајрактар

Од:

Турските медиуми објавија снимка за која тврдат дека покажуваат како Су-27 на руските воздухопловни сили се обидува да собори украински дрон Бајракатар ТБ2.

Видеото е објавено пет дена откако два Су-27 го соборија американскиот воздухоплов MQ-9 Reaper во водите на Црното Море.

Турските медиуми тврдат дека овој инцидент се случил над водите на Црното Море.

SavunmaSanaiiST.com ја објави снимката во која се тврди дека дронот е украински и дека „се верува дека е ловец Су-27“ кој се обидел да го собори.

На видеото се гледаат два обиди за соборување на Бајрактар ​​ТБ2. Не е јасно дали двата обиди биле направени од ист ловец или, како што беше случајот со американскиот дрон, беа вклучени два ловци.

Во двата обиди леталото силно се тресе, но дронот успеал да си ја врати позицијата и не се урнал во водите на Црното Море.

Се гледа дека дронот дури успева да одржи висина на летот над 5 километри.

Турските експерти сугерираат дека дронот не се урнал бидејќи за разлика од нападот на американскиот MQ-9, во овој инцидент рускиот ловец не успеал да го оштети задниот пропелер на дронот.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина