ВИДЕО: Нереди во Шведска, нападната полицијата за време на апсење

Од:

Само неколку часа откако шведскиот премиер Стефан Лофвен на прес конференција ги отфрли критиките на Доналд Трамп за наводниот терористички напад, нереди избија во близина на Стокхолм.

Како што јавуваат локалните медиуми, нередите избиле во предградието каде што има голема концентрација на имигранти синоќа околу 20 часот, кога полицијата дошла да апси барани криминалци.

Ситуацијата ескалирала кога поголем број на набљудувачи почнале да фрлаат со камења на полицијата. Полицајците се почувствувале загрозени и еден од нив отворил оган врз хулигани, а според досега познатите информации нема повредени.

Меѓутоа, во еден момент полицијата била приморана да се повлече во бензиската станица во близина, откако еден од нив бил погоден со камен, изјави портпаролот на стокхолмската полиција, Ларс Бистром, кој нападот го окарактеризира како оркестриран и планиран.

Нема уапсени по овие инциденти, бидејќи полицијата се уште работи на утврдување на идентитетите на напаѓачите.

За време на нередите кои траеле неколку часа запалени се десетина автомобили, а хулиганите ги блокирале улиците, па противпожарните возила не можеле да се доближат да интервенираат. Ограбени биле и неколку продавници и нападните цивили.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло